(ВИДЕО) После земјотресите во Хрватска се појавиле дупки: Се’ повеќе се шират!

Најголемата дупка што се отворила во земјата во хрватското село Меченчани, во близина на Петриња, по земјотресот во таа област, сè уште се шири. Во селата меѓу Петриња и Хрватска Костајница се појавиле триесетина дупки, од кои некои се во непосредна близина на куќите, или како најголема, на нива.
Дупката, широка дваесетина метри и длабока најмалку пет метри, е оградена, а по геолошките прегледи ќе се одлучува за можна рехабилитација, утврдијле денеска геолозите.

„Станува збор за урнување предизвикано од комбинација на суфузија и уривање на варовнички камен под почвата натопена во вода. Малите честички се мијат и се создаваат шуплини, а земјотресот беше причина тоа да се случи во такви размери“, рекол Јосип Терзиќ, раководител на Одделот за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрватскиот геолошки институт.


Тој исто така рекол дека по обиколката во областа околу селото меѓу Петриња и Хрватска Костајница, пријавени се околу триесетина дупки, од кои некои се во непосредна близина на куќите, или како оваа, на нива.
Тој додал дека ситуацијата во пошироката област наскоро ќе ја забележат беспилотни летала со цел да се утврди дали има повеќе дупки во земјата во околината.
„Полицијата ја огради дупката и тоа е сè што можеше да се направи во овој момент. Што се однесува до санирање, геолозите, по нивното истражување, ќе ги пренесат податоците до геотехничарите и градежниците кои, според правилата на нивната професија, ќе одлучат дали ваквите дупки се неопходни и дали воопшто може да се санираат“, заклучил Терзиќ.


Видео и фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …