(ВИДЕО) ЉУБОВ И ВЕРНОСТ: Кучето не сакало да ја напушти сопственичката која ја одвеле со брза помош па се возел со неа

Видеото кое на Јутјуб е гледано од повеќе од пет милиони луѓе покажува трогателен момент кога златен ретривер одбива да ја напушти својата сопственичка, на која и се слошило и пристигнала брза помош.
Сопственичката ја изгубил свеста на улица, а кучето било цело време со неа и чекало да пристигнат болничарите. Кога ја ставиле на носила, тој скокнал и ја помирисал за да се осигура дека е добро.
Бидејќи кучето одбило да замине, болничарите му дозволиле да влезе во брзата помош и да се вози со нив.
Инцидентот се случил во Кина, а една медицинска сестра за кинеските медиуми изјавила дека го забележале кучето веднаш штом пристигнале на местото на настанот и помислиле дека ќе ги нападне бидејќи тој бил крајно заштитнички настроен.
Сепак, се покажало дека кучето само нетрпеливо чекало некој да и помогне на неговата сопственичка.
Таа успешно се опоравила и повторно се обединила со нејзиниот верен пријател.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …