(ВИДЕО) Паднал под дрво и 4. дена едвај преживеал додека не се случило ЧУДО!

Во ниту еден момент не престанал да верува дека ќе преживее…
Најлошото нешто што може да ви се случи ако живеете сами е некоја несреќа, малер, после која никој освен вас не може да повика на помош.
Тогаш сте оставени на самите себе и ви треба само чудо за да преживеете. Токму тоа се случило со Џонатан Кеплечи (59) од Минесота кој сечел дрва во блиската шума кога едно дрво падна врз него.
Џонатан бил притиснат од дрвото кое му ги заробило и двете нозе а му било многу тешко што не можеше да ги помрднува ниту рацете. Тука започнала драмата.
Отпрвин, тој викал во надеж дека некој ќе го слушне, иако немал соседи затоа што живеел на оддалечена фарма. Потоа се обидел да ги извади нозете, но поради болката сфати дека ги скршил. Потоа дошол до заклучок дека мора да најде начин да јаде и пие ако сака да преживее.


Затоа, тој некако ја кренал кошулата и ја ставил на главата за инсектите да не го гризат и заразат, додека налетот на дожд го пречекал да собере и да пие дождовна вода. Многу се потел, па ја пиел и сопствената пот!
И’ така 100. часа. Цели четири дена. И тогаш се случиле две чуда. Бидејќи Џонатан е религиозен човек, тој се молел некој да го најде, а тоа беила неговата поранешна сопруга, на која неговиот син и рекол да оди и да види каде е татко му, бидејќи не одговарал на неговиот телефон.
Неговата поранешна сопруга го спасила повикувајќи го шерифот да испрати брза помош, а потоа се случило уште едно чудо – после 2 операции, лекарите му ги спасиле и двете нозе, иако немал повеќе од 5. проценти шанси тоа да се случи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …