Британскиот пејач Ози Озборн, бившиот фронтмен на хеви метал бендот „Black Sabbath“ ја откажал цела северноамериканска турнеја за да оди на лекување од Паркинсоновата болест во Швајцарија.
Турнејата No More Tours 2 по Северна Америка била предвидена како продолжување на концертите одржани минатата година. Иконата на метал музиката наместо тоа времето ќе го искроисти за лекување во Европа, после недамнешната објава дека се бори со Паркинсоновата болест.
„Благодарен сум им на сите на трпението, имав навистина лоша година. За жал на лекување во Швајцарија доам дури во април, а ќе трае шест до осум недели. Не сакам сега да ја започнувам турнејата и подоцна да откажувам концерти во последен час бидејќи тоа не би било фер кон фановите. Повеќе сакам сега да ги добијат парите назад бидејќи знам дека секој кој купил влезница ќе купи повторно за новите термини“, стои во службеното соопштение.
(ВИДЕО) Легендарниот музичар ја откажал турнејата – се лекува од Паркинсонова болест!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.