Скопје за старт на европската турнеја на DERUN

Мега популарното музичко дуо од Турција, Derun, доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум.

Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата. А нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар (Intermezzo music bar) и во рамки на Интермецо музичките ритуали – фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion.



Интермецо музичките ритуали како и секогаш нудат најдобра музика и енергија во градот, а овој петок (со почеток во 21 часот) доживуваме ново музичко патување со безвременските артисти Derun. Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.
И тоа не е сè, дел од сценариото на музичката приказна за која веќе се зборува ќе бидат и Нико Диамантопулос, Христос Фуркис, Крис ИДХ, Валерон, Тебра, Ланка, Сатори, Оливер…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) 45-годишен актер – Џон Красински е најсексапилниот маж на светот за 2024 година според магазинот People

Магазинот People го избра актерот Џон Красински за најсекси маж на светот за 2024 година. …