(ВИДЕО) Крис Еванс ја спасил Регина Кинг од паѓање на Оскарите и станал суперхерој на интернет

Глумецот Крис Еванс е нов суперјунак на социјалните мрежи откако ја спасил глумицата Регина Кинг од паѓање, додека се качувала по својот Оскар за најдобра споредна глумица.
Регина се намачила со својот долг бел фустан, а Еванс веднаш скокнал да и помогне и и’ пружил рака да се придржи додека се качувала по скалите по една од најважните награди во животот.


„Каков џентлем“, „Вистински супер јунак – Крис Еванс и помогна на Регина Кинг да не падне додека одеше по Оскарот“, „Крис Еванс е навистина капетан Америка и во стварниот живот“,„Мажи ширум светот, следете го неговиот пример“, „Тој би требало да добие Оскар за тоа што е господин“, го фалале на социјалните мрежи.
Се јавила и Џејми Ли Кертис.
„Еј, Крис, ти си господин! Добро воспитан и изгледаш многу згодно“, му порачала колешката и додала дека неодамна ја глумела неговата мајка во филм па чувствува дека смее тоа да му го каже.

Инаку, Еванс го играл капетан Америка во филмовите на Марвел, а од таа улога се повлекол кон крајот на минатата година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …