(ВИДЕО) Јунак од стар ков – На погрешен вперил пиштол:Господин во години запрел грабеж како филмски јунак

Благодарение на присебноста на господинот, сега на улиците има еден разбојник помалку…
Неименуван господин од Сан Бернабе (северен предел на Монтереј) во понеделникот запрел грбеж во локалната продавница и покрај тоа што младиот разбојник со пиштолот „му мавтал“ пред носот.
Иако соочен со закана да заврши убиен, господинот останал чудесно присебен и го почекал моментот на невнимание на криминлецот за да го совлада. И’, навистина, еднаш кога крадецот се свртел, господинот му притрчал од грб и му го исфрлил пиштолот од десната рака. А, фантастично се снашол и во дополнителното борење за време на кое разбојникот извадил нож.
Да не настрада на господинот му помогнале двајца работници во продавницата кои воедно се погрижиле разбојникот да не избега пред доаѓањето на полицијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …