(ВИДЕО) ЈП Комунална хигиена чисти а неранимајковци го одлагаат сметот по шеталишта!

Почитувани жители на градот Скопје,
во текот на вчерашниот ден до ЈП Комунална хигиена-Скопје анонимно беше испратен загрижувачки видео-материјал што го објавивме на социјалните мрежи.
На оваа видео-снимка може да се забележат поединци како намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и со црни кеси истураат отпад по должина на шеталиштето во центарот на градот.
Мораме да истакнеме дека ваквото недолично однесување и уништување на јавниот имот го имаме забележано на неколку локации низ градот, увидено е дека јавни површини што нашите екипи ги имаат исчистено веќе следниот ден се полни со нов отпад, што укажува на фактот дека расфрлањето на отпадот на тие локации се врши намерно во вечерните часови.
Имаме информации дека станува збор за организирана група на поединци забележани неколку пати низ центарот на градот, како вршат расфрлање на отпад на различни локации.

Но, поради фактот дека на самата видео-снимка е невозможно да се препознаат лицата коишто го вршат ова казниво дело, ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ни пријавуваат секаков вид на недолично однесување на поединци што претставува непочитување на трудот на комуналните служби на Градот Скопје и нашите заложби за почиста и поздрава животна средина.
Секое недолично однесување и загадување на животната средина ќе биде пријавено до надлежните органи и ригорозно санкционирано.
Скопје и Скопјани заслужуваат чиста животна средина!, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз



Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …