(ВИДЕО) ЈА ДОЗНАЛА ДИЈАГНОЗАТА – Селин Дион открила дека боледува од синдром на вкочанета личност и ја одложила својата турнеја

Селин Дион открила дека боледува од синдром на вкочанетост и ја одложила својата турнеја.
Синдромот на вкочането лице е ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок).
„Долго време се занимавам со здравствени проблеми и ми беше навистина тешко да се соочам со овие предизвици и да зборувам за сè низ што поминав. Со тага ве информирам дека не сум подготвена да одам на турнеја во февруари“, рекла таа во видео на својот инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


Таа додала дека неодамна и бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој погодува приближно еден од милион луѓе.
„Сè уште учиме за оваа ретка медицинска состојба. Сега знаеме дека овој синдром ми предизвика грчеви. Тие влијаат на секој аспект од мојот живот. Имам тешкотии во движењето и не можам да ги користам гласните жици за да пеам како порано”, вели таа.


View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


Рекла и дека има одличен тим лекари кои и помагаат да закрепне. Секако, со неа се и нејзините деца и другите членови на семејството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …