(ФОТО) НЕОБИЧНИ УКРАСИ – Холивудската актерка покажала елка украсена со фотографии од хрватски фудбалери

Кејт Бекинсејл со недели го снима филмот „Canary Black“ во Загреб, а се чини дека холивудската актерка целосно се вклопила во атмосферата која владее во главниот град на Хрватска.
На својот Инстаграм профил таа сподели серија фотографии на кои весело позира покрај елка украсена со необични украси.

Заедно со машки боксерки, тест за ковид и заштитна ракавица, на елката имало и фотографии од хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Доминик Ливаковиќ.


This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-bekinsejl-ukrasi.jpg

„Прекрасната Лада ни направи елка во пеколот, а потоа нашиот снаодлив тим додаде некои лични предмети. Некој нема долна облека и тоа е благородна жртва“, напишала Кејт покрај фотографијата.
Актерката неодамна престојуваше на една од популарните локации на Адвент – Томиславац, која во овој период од годината беше претвореа во пространо лизгалиште.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …