Ситно до концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO)! – ФОРМАЦИЈАТА ПО КОЈА ПОЛУДЕ СВЕТОТ

Одбројуваме до првиот македонски, солистички концерт на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) или бендот кој важи за еден од најпознатите во традиционалната музичка интерпретација, притоа почитувајќи ги предците додека живеат во сегашноста.

Концертот во рамки на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на бендот е закажан за во недела (11 декември), во Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот.


„Навистина се радувам што доаѓаме во Скопје, Македонија – земјата која ни даде толку многу музички. Македонските песни се дел од нашиот репертоар, а не е мал и бројот на македонски фанови со кои редовно комуницираме на социјалните мрежи”, вели Иван Ковачевиќ, единствениот член на составот кој потекнува од соседството, односно од Србија, и кој можеби е единствената реална нишка која го поврзува БГКО со овој дел од светот, се разбира, освен музиката.

This image has an empty alt attribute; its file name is bgko-1-4903_7-MEMBERS_PERE_CASUAL_SQUARE.jpg


Дел од оваа меѓународна формација од која произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор, а текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам, се и – неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

БГКО во Скопје доаѓаат во недела, а ден претходно ќе се случи нивниот концерт во соседна Бугарија. Веќе на почетокот од следната година, пак, ги очекуваат концертите низ Шведска, Израел…


Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Така, освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие”, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче”, „Јовано, Јованке”, потоа песни од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска.

This image has an empty alt attribute; its file name is bgko-5438_7-MEMBERS_PERE_PLAYING_SQUARE.jpg

И тоа не е сѐ, БГКО не би биле уникатни и неверојатни во она што го прават ако немаат изненадувања, овој пат велат, ќе има нешто какво што моментот заслужува.

Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите, кои во моментов ги има во мал и ограничен број, може да се купат исклучиво преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra).

Маргерита и момците неодамна испратија порака на македонски јазик во која велат – Едвај чекаме да дојдеме во Скопје…, а ние едвај чекаме да ја слушнеме во живо формацијата по која полуде светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …