(ВИДЕО) ИМ СЕ ПРОМЕНИЛ ЖИВОТОТ – ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК НА ЛОТО ДОБИЛ 105. МИЛИОНИ ФУНТИ: „Се тресев, не можев да верувам – знам како ќе ги потрошам парите!“

Иако идентитетот на среќниот добитник на џекпот,на дури 105 милиони фунти, се криел во британската јавност, градиежниот работник Стив Томпсон (42) решил да се пофали.
Оваа сума сигурно ќе го промени животот на неговото семејство.
Градежен работник кој со сопругата Ленко и трите деца на училишна возраст, живее во Селси вели дека сè уште е во шок.
Тој дури и не би обрнувал внимание на билетот ако неговиот колега не доцнел на работа.
Кога сфати дека сите седум извлечени броеви одговараат на оние на неговото ливче, тој беше на ивица на срцев удар.
„Почнав да се тресам. Знаев дека е голема добивка. Не знаев што да правам. Шетав надвор и внатре, отидов до моето комбе и повторно се вратив, сакав да чукнам на вратите на сите соседи и да им кажам“. рече Стив


Тој додал дека нема да ги изневери своите клиенти со кои договорил уредување на становите.
“Ќе ја завршам целата работа за која се согласив до Божиќ, како ништо да не се случило.Не планирам да не правам ништо, затоа што не сум тип што сака да седи. Мојот деловен партнер знае дека и понатаму сум сè уште таму, ако му требаат пар раце”, вели таткото на три деца на возраст од 8, 10 и 15 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …