Ирмгард Фурнер, 97-годишна поранешна секретарка во нацистичкиот концентрационен логор, била осудена за нејзината улога во убиството на 10.505 луѓе за време на Холокаустот, наведува Си-Ен-Ен.
Ирмгард Фурнер работела како стенограф и дактилограф во концентрациониот логор Штухоф во близина на Гдањск, Полска, од 1943. година до крајот на нацистичкиот режим во 1945. година.
Таа е осудена на две години условна казна, изјавил портпаролот на судот во Ицехо, северна Германија.
Бидејќи Фурнер била тинејџерка во времето на злосторството, судењето на 97-годишната ена било одржано во судот за малолетници и таа била осудена на условна казна како за малолетничка, потврдил судот за Си-Ен-Ен.
🇩🇪 Germany. 97-year-old Nazi concentration camp worker on trial in Germany.
The trial of the former secretary of the Stutthof concentration camp, 97-year-old Irmgard Furchner, is underway in the country. She worked there from June 1943 to April 1945. She is accused of being pic.twitter.com/Gxveibb9P1
— dana (@dana916) December 8, 2022
Инаку, Фирнер побегнала неколку недели пред да започне судењето, но властите ја пронашле неколку часа подоцна. Судскиот процес конечно започна кон крајот на минатата година.
Десетици илјади луѓе биле држени во брутални услови во Стухоф, а повеќе од 60.000 загинале, според Меморијалниот музеј на холокаустот на Соединетите држави.
Во тој логор биле затворени главно нееврејски Полјаци, како и голем број Евреи од полските градови Варшава и Бјалисток, како и од балтичките држави окупирани од нацистите.
Фото: Принтскрин/Twitter