(ВИДЕО) И’ милијардерите се само луѓе: Опра Винфи гази во кал околу својата куќа во Калифорнија

„Повторно се молиме за нашата заедница во Санта Барбара”, напишала Опра вчера и споделила фотографии од својот двор кој бил прекриен со кал, како и од хеликоптери кои спасуваат луѓе од погоденото подрачје.

Американската водителка Опра Винфри овие денови е во центарот на вниманието поради говорот, на доделувањето на Златни глобуси, кој многумина го сфатиле како најава за кандидатура за претседател на САД.
Меѓутоа, популарната водителка била погодена и од катастрофа, односно од природната непогода со која Калифорнија моментално се бори.
Најмалку 15. луѓе загинале во јужна Калифорнија, која била погодена од зимска олуја, носејќи рекордни количини на дожд во таа американска држава, што предизвикало поплави и лизгање на земјиштето.


Oprah's home affected by Southern California mudslides


"Praying for our community again in Santa Barbara." Oprah Winfrey shared videos of knee-deep mud in her backyard and helicopters making rescues amid the California mudslides http://cnn.it/2AMgMcg

Posted by CNN on Dienstag, 9. Januar 2018


Како што се наведува, 163. лица се повредени и префрлени во болница, а четири лица се во критична состојба.
Опра има куќа во Санта Барбара, па таа и нејзините соседи претрпеле огромна штета.
„Повторно се молиме за нашата заедница во Санта Барбара”, напишала Опра вчера и споделила фотографии од својот двор кој бил прекриен со кал, како и од хеликоптери кои спасуваат луѓе од погоденото подрачје.
Опра објавила и видео на кое се гледа како во чизми шета низ калта и констатира дека куќата зад неа исчезнала.
Ова е втора катастрофа која за кратко време и се случила на Калифорнија. Таа во текот на минатиот месец се борела со страшните пожари, кои речиси ја уништиле вегетацијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …