Какво време не очекува денес

Облачното време ќе се задржи во земјава и во текот на денешниот ден. Но, за разлика од претходниот ден, до крајот на овој ден очекуваме врнежи и тоа во крајниот северозападен дел од земјава. Овие врнежи ги очекувам приквечер, а ќе бидат релативно слаби.
Струењето на воздухот од јужно претпладне, ќе премине во северно до крајот на денот, но ќе биде релативно слабо.
Температурата ќе биде речиси идентична во однос на вчерашниот ден. Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 5°С и 7°С во котлините од северниот регион, а долж југот на повардарето, југозападниот крај, како и повисоките населени места во осоговскиот и малешевскиот крај се очекува температура со максимална вредност помеѓу 8°С и 10°С.
Скопската котлина очекува магливо утро и претпладне, а остатокот од денот ќе помине во услови на облачно време. Температурата ќе има максимална вредност околу 7°С, е прогнозата на  meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …