(ВИДЕО) Храбро куче го спасило сопственикот од вооружен крадец

Ова е уште еден доказ дека кучето е навистина најдобар пријател на човекот.
Нашите четириножни пријатели можат да не насмеат кога сме тажни, да бидат одлично друштво кога сме осамени, но и да не заштитат кога е потребно.
Токму тоа го направила ѕвездата на нашето денешно видео, која на својот сопственик набрзина му ја покажала својата верност и приврзаност. Неговото име е Тор, а неговиот сопственик Џастин додека работел на бензинска пумпа го нападнал вооружен крадец. Прво го прашал дали може да се послужи со телефонот, а кога Џастин ја отворил вратата го турнал, извлекол пиштол и побарал пари.
Но, разбојникот не сметал на храбриот Тор, кој е мешавина на боксер и пит бул, а со такви не треба да се шегувате.
Погледнете како храбриот пес му го спасил животот на својот сопственик.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …