(ФОТО) Памела Андерсон објавила фотографија со 22. години постариот сопруг

Откако било откриено дека се омажила за продуцентот Џон Петерс, Памела Андерсон ја објавила првата фотографија со својот новопечен сопруг.
Памела објавила црно-бела фотографија на која таа позира со насмевка на лицето (од уво до уво) додека нејзиниот 22. години постар сопруг носи очила за сонце.


52. годишната зајачица на Плејбој и глумица и 74. годишниот филмски продуцент наводно се венчале во Малибу, а на церемонијата биле и нивните деца.
Петерс потврдил дека тој и Памела се венчале после неколку месеци забавување.
Се запознале пред 35. години, а во 1989. година кусо биле во врска. Петерс вели дека можел да ги има сите девојки кои би ги посакал, но ја сакал само и единствено Памела.



„Отсекогаш сум ја сакал неа, иако можев да ја имам секоја. Таа ме излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе од тоа што го гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, рекол 74. годишниот продуцент.
На Памела ова и е петти брак. Минатата година ја прекинала врската со 18. години помладиот француски фудбалер, Адил Рами, кој наводно ја измамувал со својата бивша жена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …