(ВИДЕО) ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Богаташ и мајка – „Зборови што учат но и болат!“

Еден богаташ ја оставил совјата мајка во дом за стари. Тој имал огромна куќа, но никој немал време за неговата мајка…
Неа и било подобро во домот отколку во куќата. Синот понекогаш ја посетувал мајка си.Но, еден ден го повикале итно од домот бидејќи здравствената состојба на мајка му се влошила.
Дошол и ја затекнал мајка си, уште жива. Уште можела да зборува…
Последните зборови кои му ги упатиле на синот биле:„Синко мој, те молам да го поправиш домот. Да ставиш клима и да ја поправиш кујната за да во неа можат да се готват убави јадења“, му рекла мајката.
„Ама, мамо, зошто не ми кажа досега“, прашал синот.
„Јас сум долго тука и се навикнав на топлината преку лето и на студот преку зима. Јадењата се такви какви што се, и’ на нив се навикнав. Но, ти велам да ги направиш тие работи бидејќи кога ти ќе дојдеш тука сакам да ти биде поубаво отколку што ми беше мене. Јас некако се навикнав и на топлината и на лошите бањи, и водата што ни ја даваа за јадење. Но, сакам, се’ да биде подобро кога ТИ ќе дојдеш тука…Да не се препотуваш преку лето и смрзнуваш преку зима, и да имаш убаво јадења…“
Во видеото подолу можете да ја слушнете целата порака на мајката…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …