(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИЕВ СЕ РАЗВЕДУВА СРЕДЕ ВОЈНА! Оваа ПЕЈАЧКА му родила три деца, еве кому сега му припаѓа неговото срце!

Наталија Кличко која се разведува од градоначалникот на Киев има свој YouTube канал и гради музичка кариера!
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека се разведува од сопругата Наталија по 25. години брак. За тоа зборувал во интервју за украинскиот „Бабел“ и ги открил сите детали.
Кличко појаснил дека не е тајна дека долги години живеат во различни земји.
„Долги години имаме различни интереси, имавме поинаков живот. И решивме веќе да го официјализираме. Тоа е желба на двајцата. Се уште сме во добри односи, се почитуваме, децата се пораснати, а животот продолжува“, рекол Кличко.
На прашањето дали друга жена му го освоила срцето, Кличко одговорил со стих од градската химна:
„Моето срце е окупирано само од Киев, како да не те сакам Киев мој? (ова е дел од песната „Iak tebe ne liubiti, Kiieve mii?“).

Погледнете го видеото како Наталија пее:


Виталиј и Наталија Кличко се венчале на 26. април 1997. година. Во семејството Кличко се родени три деца: синовите Јегор-Даниел и Макс и ќерката Елизабета-Викторија. Наталија Кличко долги години живее во Германија, каде што ја гради својата музичка кариера, има свој канал на YouTube, а нивните деца студираат во странство.
Освен што многумина го паметат како професионален боксер, Кличко ја објави својата кандидатура за претседател на Украина на 28. февруари 2014. година, но на 29. март објави дека се повлекува од трката за претседател на Украина и дека ќе ја поддржи кандидатурата на Петро Порошенко, подоцнежниот победник, во исто време најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Киев. На изборите одржани на 25. мај победи со речиси 57. отсто од гласовите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …