(ВИДЕО) КАКВО ЛИЦЕМЕРИЕ – Академијата ќе и се извини на актерката која беше шиканирана откако се појави на Оскарите во 1973. година

АКАДЕМИЈАТА Оскар вели дека ќе биде домаќин на вечер на „разговор, исцелување и изведба“ водена од индијанската активистка и актерка Сачин Литлфедер.
Во текот на вечерта, Академијата официјално ќе и се извини на актерката, која претрпе децениска злоупотреба во филмската индустрија откако се појави на Оскарите во 1973. година.


Литлфедер тогаш се појавила на сцената за да одбие да ја прими наградата за најдобар актер Марлон Брандо, што било негова желба. Наместо тоа, таа одржала едноминутен говор за стереотипите и малтретирањето на американските Индијанци во забавната индустрија и масакрот во Wounded Knee, Јужна Дакота.

„Професионално ја бојкотираат“
Во понеделникот, Академијата признала дека сега 75-годишната актерка е „професионално бојкотирана, злоупотребувана, нападната и дискриминирана“ веќе педесет години.
„На 17-ти септември, придружете и се на Сахин Литлфедер во Музејот на Академијата за една вечер на разговор, исцелување и изведба за да се потсетите на влијанието на нејзиниот говор на 45-тото доделување на наградите на Академијата (што може да се погледне во Галеријата за историја на Оскарите)“, објави организацијата на Твитер.
„Сахин ве поканува да прославите со изведби во живо на индиски уметници, при што Академијата ќе и издаде долгоочекувано извинување на актерката“.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …