(ВИДЕО) ГОТОВО ЗА 20 МИНУТИ – Јадењето кое ги освои социјалните мрежи: Рецепт за најкрцкави компири со пармезан

Рецептот за крцкави компири со пармезан ги освои социјалните мрежи, а во продолжение ви претставуваме една од варијациите од хит видеото на TikTok.
TikTok може да биде одличен извор на инспирација ако немате идеја што да готвите денес, а секој ден се појавуваат низа рецепти кои можат да ве инспирираат.
Еден таков целосно ја освои платформата, а беа објавени десетици видеа со различни варијации на рецептот. Станува збор за крцкави компири од рерна, печени со пармезан.
Состојките што ви се потребни за ова јадење се: компири, путер, пармезан, кромид во прав, лук во прав, сол, бибер.

@foodwithhardt Crispy Parmesan Crusted Potatoes🤤 #parmesancrustedpotatos #crispypotatoes #potatorecipe #foodtiktok ♬ Darling – Trees and Lucy


Подготовка:
Исечете ги компирите на половина, а потоа засечете ги на средина. Растопете половина од путерот (125 грама) и ставете го во тавче. Додадете две лажици пармезан, четвртина лажица кромид во прав, четвртина лажица лук во прав и сол и бибер по вкус.
Сето тоа убаво измешајте го, па одозгора наредете ги компирите. Врз компирите посипете повеќе рендан пармезан и печете на температура од 200 степени Целзиусови 20 минути.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Кикилија (Цицилија)

Родена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и …