(ФОТО) МЛАДОЛИКАТА ВЕРА ВАНГ – Модната дизајнерка (73) по нејзиното последно појавување на црвениот тепих ја нарекуваат бесмртна

Американската модна дизајнерка Вера Ванг привлекува внимание со својот младешки изглед кој не наслутува дека има 73 години, а поради појавувањето на наградите БАФТА ја нарекуваат „бесмртна“.
Ванг, која е позната по своите иконски венчаници, покрај младешкиот лик, покажала и фантастична фигура. Таа носела црн топ под бел свилен фустан кој се влечел по подот.
Носела и наметка во кремаста бела нијанса, а имала и големи црни очила за сонце. Таа се одлучила за природна шминка, а нејзиниот изглед предизвикал голем број коментари на социјалните мрежи.
„Икона, легенда“, „Потсетување дека оваа жена има 73 години“, пишувале во коментарите со пофалби за нејзиниот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)


„Вера Ванг изгледа бесмртно со нејзиниот младешки изглед на БАФТА наградите. Кога би можела да изгледам напола како неа тоа би било нешто“, се наведува во еден.
Нејзината младоликост со години ја импресионира јавноста, а некои тоа го припишуваат на нејзините корени, бидејќи Кинеските се познати по тоа што изгледаат половина од нивната возраст.
Таа неколку пати досега открила некои од нејзините совети за грациозно стареење и одржување на витка линија. Таа ја припиша својата затегната фигура на годините како елитен спортист, но и на коктелот од вотка што „на крајот на денот и помага да премине од многу интензивен работен распоред во нешто поинтимна атмосфера“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …