(ВИДЕО+ФОТО) Венеција „пресушила“: Фотографиите молневито станаа вирални на интернет

Венецијанскиот карневал е на врвот и во овој ренесансен град деновиве пристигнуваат илјадници луѓе, но покрај шарените маски ќе ги дочека и импресивен природен феномен, голема плима.

Инаку, пловните и многу фреквентни канали во Венеција деновиве изгледаат страшно. Вода нема, гондолите и чамците се блокирани и единствено што се гледа е кал и тиња.
Водата исчезна во Венеција пред се поради полната месечина, но и некои други фактори играат улога. На пример, оваа година на Алпите има половина снег од вообичаеното. Сушата доведе до ниски нивоа на реките во другите делови на Италија, па невообичаено ниско ниво на водата беше забележано на реката По и езерото Комо.


View this post on Instagram

A post shared by Tgcom24 (@tgcom24)


Мерењата на плимата и осеката во Венеција минатиот викенд беа повеќе од половина метар под нормалното ниво, а некои локации беа целосно недостапни за пловни објекти, пренесуваат агенциите.

Венеција е попозната по своите плими, кои зачестија во последните години, а најлошиот бран се случи во 2019 година, кој предизвика штета од околу една милијарда евра.

Погледнете дел од фотографиите од Венеција кои станаа вирални на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …