Во американските медиуми се појавиле фотографии од глумицата Тери Хачер (53), најпозната по улогата во тв серијата „Очајни домаќинки“, како живее во своето ретро зелено кобе. Така ја гледаме како седи на столче (кое се склопува) на плажа, прави кафе во комбето, чита книга…
Таблоидите потоа објавиле приказна дека ѕвездата на „Очајни домаќинки“ станала бездомничка и дека поради банкрот морала својот луксузен стан во Лос Ангелес да го даде под кирија. Се пишувало и за „психички слом“, суицидни мисли…Но, ништо од сето тоа не е вистина.
Тери Хачер сама се огласила после написот во списанието „Star” и објаснила дека се чувствува многу добро и дека не и е јасно зошто некој би пишувал лаги.
„Снимав сцени за својата емисија на YouTube во која патувам со комбе и зборувам со луѓе за нивните проблеми. Луѓето од списанието му се јавиле на мојот агент и му рекле дека имаат фотографии на кои изгледам лошо и дека ќе ги објават со приказна дека сум банкротирала и дека сакам да се убијам. Мојот агент и адвокат веднаш ми објаснија дека не можат да го направат тоа бидејќи тоа не е вистина.Се’ им рекоа но тие сеедно објавија“ рекла Тери.
Глумицата додава дека е разочарана бидејќи очигедно сакале намерно да ја повредат и да лажат.
Глумицата исто така додала и дека е далеку од банкрот.
„Многу добро ги вложив моите пари и имам неколку недвижнини по цела Америка. Не сум бездомничка и не живеам во моето комбе“, рекла Тери Хачер и додала дека ќе го тужи списанието.