(ФОТО) Развод „тежок“ милијарда долари: Ким и Канје се разделуваат!?

Нивниот развод, наводно, е „тежок“ милијарда долари…
Најпознатата светска старлета, Ким Кардашијан, наскоро повторно ќе биде соло, пренесуваат странските медиуми. Риалити ѕвездата, наводно се разведува од сопругот, музичарот, Канје Вест.
Изгледа дека Ким повеќе не може да излезе на крај со „сопругот од пеколот“. Покрај три деца, на Ким и било доста да се грижи и за сопругот, како да е малечко дете.
„Главна причина“ поради која „и пукнал филмот“ била неговата зависност од таблети без кои скоро и’ не може да функционира.
„Најблаго кажано, животот со Канје е тежок. Ким ја допре границата. Тој не и помага околу децата, ги има тие изливи на бес, станал зависник од таблети…Откако се роди Чикаго, нападите се се’ почести и посериозни. Ким често се прашува дали животот би и бил полесен без него“ изјавил извор.
Од друга страна, Ким неодамна за време на посетата на Јапонија ја промовирала новата модна линија на својот сопруг и не давала никакви коментари за нивниот однос. Ким, кога станува збор за јавноста, и понатаму се придржува до една единствена изјава која ја дала неодамна – „дека е се во ред и дека парот води среќен брачен и семеен живот“.
Да потсетиме, Ким и Канје во средината на јануари станале родители на девојчето Чикаго Вест, а горди родители се и на двегодишното синче Сент Вест и четиригодишната ќеркичка Норт Вест.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење

Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се …