(ВИДЕО+ФОТО) Младиот глумец во биографскиот филм ќе го отелотвори Елтон Џон од кого добил и благослов за улогата!

Тајрон Егертон станува Елтон Џон…
Елтон Џон го дал својот благослов за изборот на Тајрон Егертон за улогата во биографскиот филм за неговиот живот…
Наскоро започнува снимањето на биографскиот филм „Rocketman“ кој ќе ја донесе приказната за животот на легендарниот музичар, а посебно ќе биде усмерен на периодот од неговиот ран успех до славата и се’ до лекувањето од зависност од дроги и алкохол во текот на деведесеттите.
Тајрон Егертон, ѕвезда на филмот „Кингсмен“ и неговото продолжување (во кој глумел и самиот Елтон Џон), ќе се најде во улогата на оваа музичка легенда и веќе почнал со снимање на песните, иако снимњето на филмот сеуште не е почнато.
Продуцент на филмот е Дејвид Фурниш, сопругот на Елтон Џон. Тој открил дека пејачот веќе ги преслушал снимките на Егертон и дека бил воодушевен со неговата изведба.
„Кога на Елтон му ги пуштив тие песни беше воодушевен, навистина воодушевен, и рече:’Тоа според мене и’ не може подобро’“.
Интересно е дека Егертон всушност веќе сме имале можност да го слушнеме како го пее хитот „I’m Still Standing“ на Елтон Џон, во анимираниот филм „Sing“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …