(ВИДЕО+ФОТО) Видеото на Енрике со близанците ги разнежнил фановите

Поранешната тенисерка Курникова на близнаците сака да им покаже танцови движења, а пејачот Иглесијас со нив ги гледа фудбалските натпревари и ужива во морските радости …
Шпанскиот музичар Енрике Иглесиас (43) сподели видео на кое ги забавува осуммесечните близнаци Николас и Луси кои ги има со поранешната тенисерка Ана Курникова (37), а покрај нив, тој исто така ги развеселил своите следбеници на Инстаграм.

Tough audience to entertain 😂🦃


A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on


„Тешка публика за забава“, коментирал Енрике за снимките од неговите деца кои се смееле додека тој трчал пред нивната количка.
Познатата двојка, како што вели, секојдневно ужива во привлечноста на родителството. Ана понекогаш на близнаците сака да им покаже танцови движења, а Енрике со нив гледа фудбалски натпревари и ужива во морските радости

Тој прави сé што може за да ги натера децата да се смеат, и редовно ги објавува своите „авантури” за да ги покаже на сите што го следат.

#sundayvibes ☀️

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

🐳😂🐳 Happy 4th of July!

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

Иглесијас со тенисерката е од 2001. година, а се сретнале на снимањето на спотот за песната на Енрике „Бегство”. Тие станале родители на близнаци на 14. декември минатата година, а среќната вест ја објавија еден месец подоцна. Многумина беа изненадени што никој не знаеше дека Ана е бремена.

#tbt #37weeks ☀️☀️

A post shared by 🐾 Anna 🎈Аня (@annakournikova) on

„Ана имаше слатко стомаче, кое речиси и’ успеа да го скрие до нејзиното пораѓање, но некако се дознало за бременоста.Дознав кога минаа пет месеци за да добијат дете“, открил нивен пријател.

🇷🇺❤️🇪🇸 #россия #españa #мирдружбажвачка

A post shared by 🐾 Anna 🎈Аня (@annakournikova) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …