Софистицирано, но многу сексипилно издание на војвотката од Сасекс…
По кратката пауза од кралските обврски што ги искористиле за да одат на одмор, принцот Хари и војвотката Меган Маркл повторно беа видени во јавноста.
Популарниот брачен пар се појавил на бродвејска претстава во Лондон, како дел од добротворната вечер организирана од Асоцијацијата Senteball, која обезбедува поддршка за младите луѓе заболени со ХИВ.
Војвотката позната по кршење на кралските правила и овој пат ги игнорирала дури и то дури две одеднаш. Облекувајќи црн мини-фустан со длабоко деколте, таа скршила две правила со „еден удар” – мини-фустан и деколтето се наоѓаат на врвот на листата на забранети предмети за облекување за членовите на британското кралско семејство.
Над фустнот облекла струкирано долго црно палто, а целата комбинација беше заокружена со црни високи потпетици и црна чанта.
Кога станува збор за накитот и фризурата, Меган, исто така, останала доследна на себе – таа носела дискретни златни обетки и едноставна висока пунџа, без декорација во косата.
Сепак, она што беше најслатко за сите биле насмевките што не се тргнувле од лицата на познатата двојка, особено кога ќе се погледнале еден со друг.