Пред точно една година почина британскиот актер Гордон Кеј кој се прослави со улогата на Рене во култната серија „Ало, ало“.
Она што малкумина го знаат е дека актерот страдал од тежок облик на деменција и дека во своите последни денови не препознавал никој од блиските и пријателите.
„Не препознаваше никого, ниту себе. Стоеше на нозе и зборуваше, но нас не не познаваше. Говореше разни работи, но тука ништо немаше смисла. Беше во свој некој мал свет“, изјавил за Daily Star, сопруг на блиска роднина на Гордон.
„Не сум премногу тажен бидејќи него смртта му дојде како благослов. Немаше никакви шанси состојбата да му се подобри“, изјавил Рејмонд Шателворд по неговата смрт.
Наводно за него се грижела и неговата колешка од серијата „Ало, ало“ која ја играше улогата на келнерката Мими.
„Немаше ни браќа, ни сестра, само роднини. Никогаш не се ожени и остана сам до крајот. Беше многу осамен. Се’ тоа е толку тажно“, додал Шателворд.
(ВИДЕО+ФОТО) Трагична животна приказна на Рене од „Ало, ало“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.