(ФОТО) После 50. години Елтон Џон се повлекува од сцената

Извори блиски на пејачот велат дека ваквата одлука била прашање на време со оглед на тоа дека Елтон лани, додека бил на турнеја по јужна Америка, завршил во болница поради тешка бактериска инфекција…
Елтон Џон (70) после 50. години повеќе нема да оди на турнеи. Легендарниот британски музичар наводно повеќе нема да се качи на бината поради пад на продажбата на албумите, но и лошото здравје, јавуваат странските медиуми. Извори блиски на пејачот велат дека ваквата одлука била прашање на време со оглед на тоа дека Елтон лани, додека бил на турнеја по јужна Америка, завршил во болница поради тешка бактериска инфекција.
Сер Елтон, кој на првата турнеја тргнал во 1970. година, и своевремено настапувал во „Цезар Палата“ во Лас Вегас, неодамна признал дека од споменатата инфекција можел да умре „доколку не отишол под нож“.
„Знаев дека сум болен, но не можев ниту да сонувам колку ситуцијата е толку сериозна. Дијагнозата ја добив после испитувањата пред кои имав девет концерти и дваесетина летови“.
Во март минатата година најавил дека „во наредните шест месеци ќе ја донесе конечната одлука“ во врска со одењето на турнеи. Музичката икона рекла дека сака повеќе време да минува со децата.
„Ќе дојде време кога ќе посакам да не одам на турнеи. Не да престанам да се бавам со музика туку да одам на турнеи. Седумдесет не се шеесет, ниту педесет.Сакам повеќе време да минувам со моите синови“ рекол Елтон Џон.
Инаку, во почетокот на декември починала мајката на пејачот, Шила Фарбротер.
„Мајко, ти благодарам што ме донесе на свет. Погребот мина совршено. Денес беше семејството, утре од тебе ќе се простат пријтелите. Не грижи се, јас ја избрав музиката“ рекол трогнатиот Елтон.
Со мајката се смирил неколку месеци пред нејзината смрт. Со години биле скарани поради што, како што тврди, денес неизмерно жали.
Музичарот се „разидел“ со мајка му во 2008. година бидејќи таа не сакала да го прекине контактот со неговиот бивш менаџер Џон Рајд и личниот систент Боб Хејли.

Perfect for tea on Boxing Day. @gucci @lallo25


A post shared by Elton John (@eltonjohn) on


Елтон веќе 27. години е во врска со филмашот Дејвид Фурниш (55).
„Дејвид е прекрасен татко. Не му пречи што е на второ место, после нашите деца. Имам семејство какво само можев да посакам“ рекол Џон. Синовите, Елаја и Џон, им ги родила сурогат мајка, а во изводот Елтон е запишан како татко а Дејвид Фурниш како мајка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …