(ВИДЕО+ФОТО) „Ловец на олуи“: Ненадејно, на 39. години, починал водителот Џоел Тејлор

Популарниот водител Џоел Тејлор ненадејно починал во 39. година, а причината за смртта не е позната. Смртта на авторот на емисијата на Дисквери каналот ја шокирала јавноста.
Таа вест многуминаја поделиле на социјалните мрежи, со голема жал за губитокот на младото и талентирано ТВ лице.


Со години работел на емисијата „Лов на олуи – Доминатор“ и тоа со пријателот Рид Тајмер.
Токму тој, на Твитер, се простил од него.


„Почивај во мир мој најдобар пријателу и партнер во ловот на олуи, Џоел Тејлор. Шокиран сум и скршен со заминувањето на мојот драг и неверојатен пријател. Ловевме многу јаки олуи и сега посакувам да можевме да ловиме барем уште една. Засекогаш ќе ми недостигаш, Џоел. Загубивме легенда“ напишал Рид.

 

Closing in!

Posted by Joel Taylor on Dienstag, 28. März 2017

Документарната серија „Storm Chasers“ следела неколку тимови на ловци на олуи меѓу кои биле Џоел и Рид. Се прикажувала од 2007., а била откажана во 2012. година после петтата сезона.
Тејлор во последната објава на Фејсбук на 15. јануари открил дека му се родила внука. Неговите обожаватели, пријатели и членови на семејството се простуваат со емотивни пораки.
„Твојата внука ќе порасне со приказни за тоа колку прекрасен вујко беше, пријател, син и љубовник. На светот секогаш му го нудеше само најдоброто“ напишала негова пријателка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …