(ФОТО) Славните жени деновиве објавуваат селфи со размачкана шминка за кампањата #SmearForSmear

#SmearForSmear е името на кампањата чија цел е да се подигне свесноста за важноста на пап-тестовите за рано откривање на ракот на грлото на матката
Од 22 до 28 јануари се одбележува неделата против рак на грлото на матката, а во рамките на кампањата за подигање на свесноста за опасноста од овој вид на карцином, на социјалните мрежи се појавија селфи фотографии на познати и непознати жени со размачкана шминка.

Станува збор за кампањата наречена #SmearForSmear (мачканица за мачканица) чие име алудира на пап-тест, а целта е да се подигне свесноста за важноста на редовните гинеколошки прегледи и тестови за рано откривање на ракот на грлото на матката.


Како што веќе знаат сите жени, единствен начин карциномот да се открие во рана фаза е пап-тест, па со овие фотографии се повикуваат сите жени да се приклучат на кампањата.

Меѓу познатите жени кои објавија селфи со размачкана шминка се британскиот модел Кара Делевињ, Ребека Варди, Тамара Еклстон и други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со изведбата на „Книголандија“ денес започнува 12-то издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“

Од 16-19 сепември 2024 година, во Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов” во Штип, ќе …