(ВИДЕО+ФОТО) Тажни пораки – Музичките ѕвезди се простуваат од славниот ДиЏеј:„Се надевам дека сега си на подобро место!“

Ненадејната смрт на славниот продуцент и ДиЏеј ги шокирала неговите обожаватели ширум светот, но и колегите музичари, кои откако слушнале за тажната вест, на свој начин преку социјалните мрежи се простуваат од Авиции…
Веста дека во 28. година починал славниот шведски ДиЏеј и продуцент Авиции со вистинско име Тим Берглинг ги шокирало како неговите обожаватели така и неговите славни колеги кои сеуште не можат да поверуваат дека младиот музички талент повеќе го нема.
Меѓу првите на својот Инстаграм се огласила Мадона, која покрај нивната заедничка фотографија напишла:„Толку тажно…Толку трагично. Збогум мил мој Тим. Прерано си замина“.

So Sad……. So Tragic. Good Bye Dear Sweet Tim. 💙 Gone too Soon. #avicii


A post shared by Madonna (@madonna) on


„Без зборови сум. Се сеќавам дека беше неописиво искуство да се работи со тебе на ‘Lonely Together’ и се чини како вчера да беше нашиот последен разговор. Моето сочувство на семејството на Авиции, пријателите и обожавателите. Почивај во мир.Прерано си замина. Моето срце е скршено“ напишала Рита Ора на Твитер.

„Нешто навистина страшно се случило. Останавме без пријател со прекрасно срце. Ти благодарам за сите прекрасни мелодии, времето кое заедно го минавме во студио, свиревме заедно како ДиЏеи или едноставно уживавме во животот како пријатели. Почивај во мир“, напишал Дејвид Гета на својот Инстаграм.

Се огласил и ДиЏеј Хрдвел, кој настапувал со Авиции, кој исто така е скршен поради смртта на драгиот колега и пријател. „Едноставно не можам да поверувам во ова, многу ќе ми недостасуваш. Од твојот прв настап, кога свиревме заедно, до сите прекрасни спомени кои заедно ги создававме. Ти благодарам што со својата неверојатна музика го промени светот. Ти благодарам што беше таква инспирација. Се надевам дека си на подобро место. Ќе ми недостасуваш брату, до повторната средба“.

Уште една Косовка се простила од Авиции преку својот Твитер профил. Дуа Липа напишала:„Толку тажна вест за смртта на Авиции. Премлад си замина. прерано. Мое сочувство до семејството, пријателите и обожавателите“.

Да потсетиме, музичкиот свет вчера остана во шок кога се проширила веста за ненадејната смрт на 28. годишниот ДиЏеј и продуцент кој бил пронајден мртов во Оман.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …