(ФОТО) Каква храброст: Вистински среде квиз клекна и ја побара Лила за сопруга!

Од февруари, од денот на вљубените започнаа нагаѓањата кој е човекот кому Лила Филиповска му кажала „Да“…за да потоа се дознае дека сето тоа било дел од една рекламна кампања…
И’, додека Лила си поигра со своите фанови овојпат нешто слично, и се случи нвистина – но во квизот „Се или нешто“…
Во квиз шоуто „Се или нешто“ гледачите во изминатите седум сезони колку што се емитува, посведочија на многу необични случи, но како оваа од последната и најнова емисија – никогаш досега.
Имено, кандидатот Ѓоргиче Сенков од Велес, пред камерите и присутната публика, собра храброст да ја побара Лила за своја сопруга.
Приказната започна со добро смислена увертира од страна на натпреварувачот, кој како своја амајлија донесе прстен кој кажа дека е на неговата сестра.
Но подоцна, Ѓоргиче во текот на емисијата клекна на колелена и ја побара изненадената Лила, која иако го стави прстенот на раката, сепак ја одби неговата брачна понуда и духовито му кажа дека подобро е да не го „упропастува“.
Потоа се огласи и банкарот кој го констатираше истото како и Лила, а за храбриот велешанец имаше парична понуда од 43. илјади денари кои тој ги прифати.
Партите ги доби, но не и посакуваната сопруга.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се препуштиле на страста – Шон Пен има нова љубов, папараците го „уловиле“ како страсно се бакнува со многу помлада актерка…

Шон Пен (64) страсно ја бакнувал младата молдавска актерка Валерија Ницов на улиците на Мадрид. …