(ВИДЕО+ФОТО) Скандал на СП:Роби Вилијамс,поради пцости, ќе мора да плати казна од 42. фунти!

Вилијамс ги пцуел сите кои го критикувале поради пеењето во Русија, се свртел кон камерите и го покажал средниот прст, а сега му се заканува и казна…
Роби Вилијамс (44) вчера настапувал на отворањето на Светското првенство во фудбал во Русија и непријатно ја изненадил публиката со пцости и покажување среден прст. Поради овој непримерен гести британската поп ѕвезда наводно ќе мора да плати казна од 42. фунти, пренесува The Sun.


Имено, во Русија во 2014. година по налог на претседателот Владимир Путин (65) во сила стапила забраната за користење пцости во филмови, театарски претстави и книги, а забраната се однесува и на сите јавни настапи.
Британскиот пејач свеченото отворање го започнал со еден од неговите најголемите хитови „Angels“,а нему на момент му се придружила и рускиот сопран Аида Гарифулина.


Настапот на стадионот Лужники го гледале милиони луѓе, а Роби во еден момент наместо вообичаените стихови од својата песна „Rock DJ“ испеал „Ова го направив бесплатно“, погледнал во камерата и го покажал средниот прст. Фановите нагаѓат дека тоа го испеал поради критиките од јавноста околу прифаќањето на одлуката на организаторите токму тој да пее на отворањето.

Неговиот потег пред натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија предизвикал бурни реакции на јавноста на социјалните мрежи. Сепак, некои се обиделе да го оправдаат па се пошегувале дека е подобро што го покажал средниот прст отколку нешто друго.
Пред настапот на Роби бројни политичари и активисти го прозивале дека „му ја продал душата на Путин“. Посебно, во време на заострување на односите помеѓу Велика Британија и Русија и скандалот со труењето на агентот.

Сепак, Вилијамс вели дека овој настап му бил како остварување на детскиот сон бидејќи е голем фан на фудбалот.
„Работев многу нешта во животот, но да се отвори светското фудбалско првенство пред 80.000 навивачи на фудбалски стадион и за милиони гледачи во целиот свет е остварување на детските соништа“, рекол Роби Вилијамс.
Пејачот неодамна објавил симпатична снимка со својата петгодишна ќерка, Теди, во која и пушта свои песни, а таа коментира дека повеќе би сакала да ја слуша Бијонси.

Kids these days 🙄

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams) on

„Децата се најдобри, толку се искрени и нерасипани“ рекол Роби кој со својата долгогодишна сопруга, глумицата Ајда Филд има и тригодишен син.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …