(ВИДЕО+ФОТО) Скандал на погребот на Арета Френклин: Свештеник „се занел“ по настапот на Аријана Гранде и „ја фатил“ за градите

Освен по велелепноста на погребот на кралицата на соулот, Арета Френклин, кој траел осум часа, социјалните мрежи се вжештија од коментари порди однесувањето на еден до свештениците…
Пејачката Аријана Гранде запеала во чест на леагендарната Арета Френклин на нејзиниот погреб.Таа ја испеала песната „A Natural Woman“ и ги расплакала присутните, а потоа нејзе и пришол свештеникот, Чарлс Х.Елис за да и се заблагодари што и оддала почит на Арета.
Сепак, на светските медиуми нешто друго им падна при око. Свештеникот ја гушна Аријана, а на социјалните мрежи се шири снимка во која тој ја фаќа во пределот на нејзините гради.


Коментарите на корисниците на Инстаграм се дека свештеникот премногу ја допирал Аријана, а дали е тоа така, проценете сами.
Во секој случај, илјадниците луѓе кои го следеа погребот на Арета Френклин го осудија потегот на свештеникот. Тој подоцна се извинил поради ситуацијата, велејќи дека не би му паднало на памет дека таа прегратка би можела да се сфати како „пипкање за гради“. Тој објасни дека во текот на осумчасовната церемонија за погребот на Арета Френклин, го прегрнувал секој кој се појавил на бината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …