(ВИДЕО) Бил Клинтон и’ во осмата деценија не може да одолее на млади девојки:На погреб се однесувал некоректно!

Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана додека пее на погребот на Арета Френклин и обидете се да не повратите…
Синоќа се одржа погребот на американската пејачка Арета Френклин, а последното испраќање на славната дива беше организирано во Детроит. На погребот присуствувале бројни нејзини пријатели и членови на семејството, а говор одржал и поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72).
На погребот настапила и младата пејачка Аријана Гранде(25), но изгледа дека Бил Клинтон не можел да го тргне својот поглед од неа.


Додека 25. годишната Аријана ја изведуваше песната на Арета Френклин “Natural Woman”, камерите го уловиле воодушвениот Клинтон како внимателно го набљудува секој нејзин потег.


На социјалните мрежи веднаш започна да се пишува дека Бил не може да одолее на млади девојки, со оглед на неговото минато.

“Одвратно…Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана додека пее на погребот на Арета Френклин и обидете се да не повратите во уста”, “Бил повторно би ризикувал поради Аријана”, “Некои работи никогаш не се менуваат”, беа само дел од коментарите.Потоа следувала дискусиј дека пејачката не била соодветно облечена за на погреб, бидејќи нејзиниот фустан бил многу краток.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …