(ВИДЕО+ФОТО) Се степале поради селфи: И’ двете сакале да се сликаат покрај славната фонтана – почнале да си ги кубат косите, да си удираат шлаканици…

Голем број туристи секоја година го посетуваат Рим, а многумина од нив сакаат да се сликаат до познатата фонтана Треви за спомен за сите времиња.
Тоа сакале да го направат и две туристки, но на крајот се степале поради местото за селфи. На крајот, во борбата учествувале осум лица.


Се степале Холанѓанка (19) и Американка со италијанско потекло (44) бидејќи и’ двете сакале да бидат на истото место, во исто време, и да си направат добро селфи.

И двете верувале дека импресивната скулптура зад нив најдобро се гледа токму од тоа место. Ниту една од нив не сакала да се тргне, па почнале да туркаат и да си удираат шлаканици.
Нбргу се вклучиле и членови на нивните семејства, па морл да се вклучи и полицијата.
Никој не бил повреден, но полицијата напишала кривични пријави за насилство и закани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …