(ВИДЕО+ФОТО) Принцот  Џорџ и принцезата Шарлот ги разнежниле новинарите и обожавателите на кралското семејство


Неколку стотици новинари од целиот свет пред болницата „Света Мери“ го чекале моментот кога Кејт и Вилијам со своето трето дете ќе го напуштат родилиштето.

Принцот Вилијам во посета на новото бебе во претпладневните чесови ги донел 4. годишниот Џорџ и 2. годишната Шарлот.Нивното појавување предизвикало воодушевување кај собраните.


Принцот Вилијам пристигнал пред болницата и прво го извел принцот Џорџ, а потоа и принцезата Шарлот. И’ двајцата ги земал за раце и ги замолил да им мавнат на собраните. Двегодишната Шарлот го направила тоа, додека Џорџ одлучил да не поздравува. Преслатките малечки брат и сестра со тој гест сите ги разнежниле. После кусо дружење со малечкиот принц, биле вратени дома во Кенсингтонската палата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Два месеца по трагедијата се огласи повредениот член од групата ДНК: Еве што напиша на социјалните мрежи

Горан Тонев кој беше гитарист во групата ДНК се огласи на социјалните мрежи два месеца …