(ВИДЕО) Тагата не престанува: Ѕвоната на највисоката црква во Амстердам во ритамот на хитовите на Авици, илјадници фанови се собрале во Стокхолм…


ДиЏеј Авици починал во петокот, во Оман, каде бил на одмор со пријателите. Причината за смртта не е позната, но полицијата објавила дека немало никакви криминални сомневања.
Ожалостеното семејство на Авици во текот на викендот пристигнало во Оман каде престојувал диџејот кој починал во петокот, а обожавателите од моментот кога ја слушнале тажната вест на разни начини му оддават почест. Така во саботата на еден од главните плоштади во Стокхолм се собрале илјадници фанови кои ги пееле неговите песни и танцувале на неговите хитови.


Една занимливост пристигнува од Холандија. На социјалните мрежи се појавиле снимки на кои ѕвоната од највисоката црква која се наоѓа во Утрехт ѕвонеле во ритамот на неговите најголеми хитови, „Hey brother“, „Wake Me Up“,„The nights“.


Причината за смртта на омилениот шведски ДиЏеј сеуште не е позната, но полицијата објавила дека нема никакви криминални сомневања.

https://youtu.be/AfUMtjZoyhk


Диџејот со години се борел со здравствени проблеми кои започнале во јануари 2012. година кога поради акутно воспалување на панкреасот минал 11. дена во болница. Болеста која го држела прикован за кревет се јавила како последица од прекумерно конзумирање на алкохолни пијалоци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …