Филмот „Ѓаволот носи Прада“ се појави во кината пред 18 години, а „Дизни“ конечно најави продолжение, со враќање на оригиналниот сценарист, како и некои членови на актерската екипа. Сепак, враќањето на Ен Хатавеј се уште не е најавено, поради што некои веќе повикуваат на бојкот.
Variety објави дека Дизни повторно ќе ја ангажира сценаристката Алин Брош Мекена, која го адаптираше оригиналниот филм од 2006 година од истоимениот роман на Лорен Вајсбергер од 2003 година.
Иако враќањето на оригиналната актерска екипа сè уште не е потврдено, се тврди дека и Мерил Стрип (Миранда Пристли) и Емили Блант (Емили Чарлтон) ќе се вратат за продолжението.
Gird your loins. Miranda Priestly is set to deliver more withering glances in a sequel to “The Devil Wears Prada.”
Disney is developing a sequel to the hit 2006 movie starring Meryl Streep, Anne Hathaway and Emily Blunt, with screenwriter Aline Brosh McKenna in talks to… pic.twitter.com/2wfrr1DIVm
— Variety (@Variety) July 8, 2024
Ниту еден од извештаите не споменува дали Ен Хатавеј ќе се врати како Андреа Енди Сакс и дали ќе се вратат другите споредни членови како Стенли Тучи, Сајмон Бејкер, Адријан Грениер, Жизел Бундхен и Трејси Томс.
Додека фановите се воодушевени од веста за враќањето на популарниот филм, на социјалните мрежи кружи истата порака – без враќањето на Ен Хатавеј, не сакаат продолжение.
„Каде е Ана?“, „Што е со Ана?? Ана ни треба!“, „Без Ана не ни треба продолжение“, напишале тие на Твитер.
Во оригиналниот филм, ликот на Ана, Енди е амбициозна новинарка кој добива работа како помлад асистент на Миранда (Пристли), главен уредник на магазинот Runway.
Приказната во продолжението ќе ја следи Пристли и нејзината кариера во денешно време додека традиционалното објавување списанија опаѓа. Таа се судира со Чарлтон, за кој се вели дека е моќен директор на луксузна групација, додека Пристли ги брка парите за рекламирање на компанијата.
Фoтo: Принтскрин/YouTube