(ВИДЕО) „3.000 евра за ова?“: Се пожалила на храната во турски хотел и предизвикала бурни реакции

ТИКТОКЕРКА која објавува под профилот @thisonetimeinturkey објавила видео на кое се жали на храната во луксузниот хотел со пет ѕвездички во Анталија, Турција.
„Храната едноставно не е на ниво. Ова треба да биде одморалиште со пет ѕвезди, но во ресторанот со шведска маса ја служат истата храна секој ден. За појадок нудат супа, сирења и шунки. Има матени јајца измешани со домати, мелено говедско месо, пиперки, навистина случајни работи“, се пожалила таа.

@thisonetimeinturkeyBreakfast @crystalfamilyresortantalya ment to be 5star, please dont waste your money and if you have booked i strongly recommend you change♬ original sound – thisonetimeinturkey


„Даваш 3000 евра и го добиваш ова?
„Навистина не е добро, не сум пребирлива, но сум гурманка. А кога ќе потрошите скоро 3.000 евра за одмор и ова ќе ви го сервираат секој ден, навистина е разочарувачки. Воопшто не сум среќна. Ова едноставно не е добро, навистина не е добро“, рекла таа со жалење што дел од понудената храна не е свежа.
„Едноставно не е она што би го очекувале за појадок, навистина не е толку одлично“, рекла таа, покажувајќи две големи тенџериња со супа, што е традиционален турски појадок.


„Ова за појадок, луѓе, ова? Апсолутно не“, заклучила таа, предизвикувајќи бура од реакции.

„Мислам дека си залутала“
Имено, во коментарите бројни тиктокери и напишале дека храната изгледа одлично, но и ја прозвале дека не ја познава турската кујна и обичаи.
„Зборувате глупости, изгледа одлично, многу избор и различно од она што го имате дома – токму она што би го очекувал кога ќе одам на одмор“, „Супата е вообичаен избор за турски појадок, како пржени јајца со домати, мислам дека грешите“ и „Се жалите дека тоа е истата храна секој ден, но имате милион опции“, се дел од коментарите.


Фoтo: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како ефикасно да се регулира хормоналниот дисбаланс?

Хормоналната рамнотежа е клучна за здравјето на жената, влијаејќи на сè, од расположение до плодност. …