(ВИДЕО+ФОТО) Меган повторно го прекршила протоколот:„Ова е најлошо што една дама може да направи!“

Новопечената војвотка Меган Маркл, која ова титула ја заработи со венчавката за принцот Хари пред нешто повеќе од еден месец, бргу ги усвоила кралските правила кога станува збор за аутфитот на јавните настани. Но, се чини дека ова е сепак премалку време за бившата глумица да ги усвои сите правила на однесување кои се бараат од членовите на кралското семејство.
Така Меган за време на доделувњето на наградата Queen’s Young Leaders za 2018. година нозете ги прекрстила на „непримерен“ начин.


Имено, според правилата на однесување на кралското семејство, женските членки на монархијата мораат за време на седењето нозете и колената да ги држат споени, додека глуждовите можат, но и не мораат да ги прекрстат. Токму тука бившата глумица направила грешка кога на неколку секунди пред фотографирањето ги прекрстила нозете. Но, Меган бргу сфатила што направила и нозете веднаш ги накосила спојувајќи ги глуждовите во „поза на војвотка“.

Harry and Meghan join the Queen and the Queen’s Young Leaders for their photo at the palace this evening #royal #dukeandduchessofsussex #harryandmeghan @people


A post shared by Simon Perry (@sperrypeoplemag) on


Новинар на магазинот People го забележал моментот на невнимание на младата војвотка и снимката ја поделил на социјалните режи. Многумина ладно ја критикувале ваквата грешка на бившата глумица, додека други застанале во нејзина одбрана тврдејќи дека вакво нешто може секому да му се склучи.
Сепак стручњаќињата за кралскиот бонтон, Мика Маер, вели дека „прекрстувањето на нозе на колената е најголема грешка во бонтонот која една дама може да ја направи“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …