(ВИДЕО) Сакале да украдат автомобил: Доживеале шок кога виделе кој ги дочекал во него!

Двајца мажи вооружени со огнено оружје се обиделе да украдат црно БМВ, но не знаеле кој седи внатре…
Во обидот да украдат автомобил во Чикаго, двајца крадци избрале погрешна мета – вооружен полицаец кој не бил на должност.
На неодамна објавената снимка е видливо како двајца мажи со качулки на главата му приоѓаат на црно БМВ. Првиот ја отворил вратата на совозачот и притоа извлекол нешто од џебот и седнал во автомобилот.
Полицецот веднаш излегол од втомобилот и извлекол пиштол, а за тоа време другиот крадец дотрчал до местото на возач и седнал покрај управувачот. Полицаецот почнал да пука на крадецот зад воланот а во тој момент другиот крадец, кој веќе седел на местото на совозач, излегол од автомобилот и почнал да пука на полицаецот.


Крадецот зад воланот исползил и избегал од другата врата на десната страна на возилото. И двајцата крадци избегале, но полицецот продолжил да а пука по нив се’ додека двојката не влегла и избегала со автомобилот кој ги чекал, пишува Daily Mail.
„Се намериле на погрешен тип“
Инцидентот се случил пред фризерски салон бидејќи полицаецот слободниот ден го искористил да оди на фризер. Сопственикот на салонот, Кори Фелтон, оваа крими драма ја гледал од својот салон..
„Слушнав пукање и погледнав што се случува, а надвор беше мојот следен клиент. Полицецот кој возврати на огнот“ објаснил за CBS.
Сведокот на обидот за кражба на автомобилот Кит Харис, бил шокиран со пукањето среде бел ден.
„Ми беше мило што обидот за кражба не успеал. Се намериле на погрешен тип во погрешен момент“, заклучил тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …