(ВИДЕО+ФОТО) Гир и младата новинарка се венчале: Побрзале на матичар!

„Пронајдов мирен и среќен живот кој отсекогаш го барав“ раскажал Ричард Гир за врската со Алехандра Силва. Двојката дели страст кон хуманитарната работа и патувањата…
Глумецот Ричард Гир и неговата 34. години помлада девојка, новинарката Алехандра Силва, во врска се четири години, а за нивната свршувачка се дознало во ноември минатата година кога Шпанката е видена со голем дијмантски прстен на раката.Двојката се венчала во почетокот на април, на матичар,а на 6. мај ќе имаат семејна прослава во својот дом во Њујорк, пишува шпанскиот магазин Hola.


Гир и Силва се запознале во 2014. година во луксузниот италијански хотел кој таа го купила со бившиот сопруг. Алехандра е ќерка на бизнисмен и бившиот потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Играцио Силва. Глумецот ја запознал новинаркаата додека се разведувала од сопругот, геолог, Говинд Фридленд (43), син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд. Силва со Говиндо го има синот Алберт (6).

„Пронајдов мирен и среќен живот каков отсекогш барав“ раскажал Гир за својата врска со новинарката. Весникот „АБЦ“ ја откриле врската уште во јуни 2015. година, но нивните пријатели тогаш рекле дека со месеци успешно се криеле од јавноста.

„Тој е мој херој во стварниот живот. Бев малку изгубена, без светло на крајот на тунелот и запознавањето со него му даде смисла на мојот живот. Чувствував дека некој ми пружа рака и ми го покажува вистинскит пат“ коментирала своевремено Силва за врската со глумецот за магазинот Hola.
Гир бил четири години во брак со супермоделот Синди Крафорд (52), а втора сопруга му била глумицата Кери Ловел (57) од која се развел во 2016. година а го имаат синот Хомер Џејмс Џими (18).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …