(ВИДЕО+ФОТО) Елена Јовческа преработи две хит песни од Благица Павловска: Фолкот поблиску до младите!

Две хит песни на Благица Павловска во нов аранжман. Само оваа наша пејачка може вистински да ги доближи до помладата публика, одлучи Павловска

Фолк пејачката и една од ретките гајдаџики на нашата естрада, прилепчанката Елена Јовческа, пред љубителите на народната македонска песна ги престави своите новитети, односно преработките на хитовите од Благица Павловска.
„Каде после мене дали знаеш ти“ и „Доктори 100 да ме лечат“ се насловите на познатите хитови од Благица, кои добија нов аранжан.
Нашите фолк пејачи кои своевремено ги испеаја најголемите народни хитови, не така лесно се одлучуваат овие песни денеска, со нивна дозвола да ги препејат помладите пејачи, пред се поради фактот дека сакаат да се задржи квалитетот на истите.
Благица и Елена долго време се пријателки и соработнички, а сега дојде време сето тоа да се круниса со оваа соработка.


„Пред мене е период на доста работа. Двата хита од Благица, навистина сакав да ги донесам на публиката онака како што доликува, сакајќи да ја оправдам ем довербата на нашата жива легенда во музика, бидејќи нејзино мислење, нескромно ќе кажам, е дека токму јас требаше да ги препеам истите, а тоа навистина ми значи како на помлад пејач, ем довербата и поддршката која секојдневно ја добивам од публиката, како од Македонија, така и од нашинците ширум светот.


Многу сум задоволна поради соработката со име во македонската музика како што е Благица“, вели Елена, која не го крие задоволството и од коментарите на публиката дека новите аранжмани се одлични.
Елена, освен што активно работи на создавање свои песни, меѓу кои и последната промовирана „Македонци не има сегде“, неодамна се врати и од турнеи во Швајцарија и Италија каде настапуваше пред нашите иселеници…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …