(ВИДЕО+ФОТО) Џон Сноу пристигнал во Дубровник: На снимање се опушта со кафе

На Харингтон треба да му се придружат и колешката Емили Кларк која ја отелотворува Мајката на змејовите. Глумицата пред два дена била во Рим…
Вчера во Дубровник започнало снимањето на осмата сезона на „Игри на престолите“, а сега се случило и’ она на што обожавателите се надевале.
Имено, на тврдината Минчети конечно се покажал и Џон Сноу, ликот од серијата кој го толкува глумецот Кит Харингтон (31).

Судејќи според фотографиите, популарниот глумец доста е опуштен. Во паузите помеѓу сцените се опушта со кафе и цигара а стајлингот лежерно го комплетирал со шнола во косата.
На Харингтон на сетот ќе му се придружи и Емили Клрк (31) која ја игра Мајката на змејовите, улогата кој ја прославила. Глумицата пред два дена била во Рим и снимала реклама, а филмската екипа минатата недела била на Исланд каде ги одработувале последните сцени во ладно и снег.


Обожавателите, како што тврдат граѓаните кои се затекнале во близина на сетот, се возбудени поради своите омилени ѕвезди и се обидуваат на сите начини да ги видат или фотографираат.
Инаку, мерките на безбедност на сетот во Дубровник се многу строги. Глумците на сет доаѓаат со качулки на главите, под заштитни црни чадори кои им го кријат идентитетот, како и со бројни членови на обезбедувањето кои ги штитат од љубопитните погледи.
Осмата сезона на „Игри на престолите“ се очекува на пролет 2019. година и ќе иам шест епизоди со траење од 80. до 90. минути. Продукцијата започнала во октомври, а творците Дејвид Беноф и Ден Вајс на американските медиуми им кажале дека последната сезона имаат намера да ја рботат година и пол.
Најпопуларната серија на ХБО досега освоила Златен глобус и 38 Еми, вбројувајќи се меѓу најнаградуваните серии во историјата на доделувањето на Еми.
ХБО најавил дека подготвува нова серија која ќе биде, како што тврдат, достоен наследник на „Игри на престолите“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …