Топол четврток како најава за драстични промени

Четврток ќе биде прилично топол февруарски ден. Врнежи наутро ќе има во крајниот западен регион, кои на висина над 1.000 метри ќе бидат од снег. Локално во попладневните часови врнежи се можни во севрозападниот крај, но и на исток околу осоговијата.

Суво, односно без врнежи, со умерена облачност ќе биде во централните и југоисточните краишта.


Југозападниот крај ќе биде облачен во најголем дел од денот, но без поголеми услови за врнежи.

Ветерот во текот на овој ден ќе биде сосема слаб.


Утрото ќе биде потопло во однос на претходните денови. Минималната температура главно ќе има вредност помеѓу 3°С и 6°С низ котлините, а на повисоките места околу 1°С.

Максималната вредност на температрата ќе биде помеѓу 9°С и 12°С во котлините од северниот и западниот регион. Најтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 14°С.


Скопската котлина очекува претежно облачно време. Услови за сосема слаби и краткотрајни врнежи од дожд ќе има во попладневите часови. Температурата ќе има минимална вредност околу 3°С, а максимална вредност околу 11°С најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …