По завршувањето на американскиот Супер Боул, за прв пат беше прикажан трејлерот за најновиот филм со Двејн Џонсон, „Облакодер” (“Skyscraper”). Вил Форд или Двејн Џонсон е главната ѕвезда на филмот, односно поранешен ФБИ агент кој сега работи како обезбедување на облакодерот.
Неговото семејство е заробено на 240. спрат, а истовремено страшна жена ја пее чудната обработка на песната “I Won’t Back Down” од Том Петај. Дел од останатите глумци се и Нив Кемпбел, Чин Хан и Ноа Тејлор.
Како режисер на филмот се потпишува Расон Турбер, кој е познат по комедиите “DodgeBall”, “We’re the Millers” и “Central Inteligence”. Филмот ќе се прикажува во кино салите од 13 јули оваа година.