(ВИДЕО+ФОТО) Бред Пит „ќе убие“ за Гвинет Палтроу!

Гвинет Палтроу меѓу првите открила дека била една во низата жртви на продуцентот Харви Бернштајн, кој своевремено сексуално ја вознемирувал, а сега проговорила и за судирот кој поради тоа настанал помеѓу него и Бред Пит.


Гвинет во емисијата на Хауард Стерн ја опишала ситуцијата која се случила во 1995. година на премиерата на „Хамлет“ на Бродвеј, кога нејзиниот тогашен дечко Бред Пит дознал дека Вајнштајн сексуално ја вознемирувал.
„Пит го забележа Вајнштајн, го турна до ѕидот и му рече:’Ако било кога поради тебе се чувствува непријатно, ќе те убијам’“, раскажала Палтроу.
Инаку, Гвинет била меѓу првите глумици, кои минатата година, јавно проговориле за злоствувањата на Вајнштајн.
„Уште бев дете и страшно исплашена. Кога пристигнав во хотелот, тој почна да ме масира и ме повика да му се придружам во спалната соба. Бев очајна. До тогаш го сметав за некаков ’вујко Харви’“ раскажала Гвинет.
Откако го одбила, продуцентот викал на неа и и’ се заканил дека никому не смее да каже што се случило.
„Веднаш му кажав на Бред што се случи. Бев многу вознемирена, а самошто потпишав за два филма за тој човек“ рекла Палтроу.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …